На белградскиот аеродром Батајница денеска по повод денот на ослободувањето на Белградм беше одржана воена парада „Слобода 2017“, на која беа прикажани дел од оперативните способности на српската војска и презентирани шестте авиони МиГ-29, што Србија ги набави од Русија.
Во рамките на манифестацијата учествуваа 2.200 војници, 130 различити борбени возила, 30 авиони и хеликоптери, како и новите „супервојници“.
На собирот покрај највисокото српско државно и воено раководство, како гости присуствува повеќемина странски претставници, меѓу кои и македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска, нејзиниот руски колега Сегеј Шојгу и претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
Во ображањето на манифестацијата, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека авионите МиГ-29 што пристигнаа од Русија ќе бидат целосно модернизовани и подготвени за борбени дејствија во наредните месеци.
Тој нагласи дела нивното ново оружје не е закана за никого и најви набавка на уште шест нови хеликоптери.
Србија ја зголеми воената моќ со набавка на два хеликоптери МИ-16, шест МиГ-29, 30 тенка Т-72 и со 30 борбени оклопни возила и системи за противвоздушна одбрана, кои беа купени или добиени како руска донација.
На парадата најголемо внимание привлече руската авио-акробатска група „Срижи“, чии припадници со шесте МиГ-29 изведоа програма која првпат беше прикажана надвор од границите на Русија.