Швајцарецот Рожер Федерер триумфираше на турнирот во родниот град Базел, а Французинот Лука Пиул победи на турнирот во Виена.
Федерер по голема борба и меч во три сета го совлада Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро со 2-1 во сетови. Првиот сет му припадна на Дел Потро во тај брекот со 7:6 (7:5), додека Федерер ги доби следните два сета со 6:4 и 6:3. Ова за него беше осма победа на турнирот во Базел во 13.то финале.
Федерер има освоено 95.титули во кариерата и се наоѓа на второто место на вечната листа, зад Џими Конорс со 109. За Дел Потро ова беше прв пораз во финале во Базел откако победи претходно во 2012 и 2013 година.
На турнирот во Виена во мечот на француските тенисери Пуил го совлада Жо-Вилфред Цонга со 2-0 во сетови (6:1 и 6:4). Ова е четврта турнирска победа за Пуил, а трета во 2017 година.