Претставници на српската Влада, академските кругови, партиите и на невладиниот сектор се собраа денеска со цел да ја одржат првата средба во рамките на внатрешниот дијалог за Косово, што го иницираше претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Како претставници на Владата на средбата присуствуваа српската министерка за правда Нела Кубуровиќ и директорот на владината Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ.
При дискусијата беа изнесени различни ставови за идните односи меѓу Белград и Приштина – од создавање на „реална унија меѓу Србија и Косово“, до ставот дрка „Србија не треба повеќе да прави никакви отстапки“.
Професорот по уставно право Владан Кулешиќ оцени дека реално решение е „вистинска унија“ меѓу Србија и Косово, наведувајќи дека тоа е модел кој би ја претставувал меѓународната правна врска на две држави во форма на реална унија.
– Тој став е рационален и остварлив, бидејќи не е емотивен, наведе Кулешиќ.
Деканот на Правниот факултет при Универзитетот „Мегатренд“, Живко Кулиќ наведе дека се обидува да ги разбере меѓународните околности и оти му е јасно дека од внатрешниот дијалог се очекува многу.
– Србија не треба да прави непромислени чекори и грешки кои идните генерации, кои многу тешко ќе можат да ги поправат. Пред Србија стои огромна одговорност, но за решение е потреба подготвеност и на другата страна. Решавање на статусот на праведен и долгорочно одржлив начин, во моментов не е можно, порача Кулиќ.
Тој нагласи дека Србија веќе „нема простор за нови отстапки“, посочувајќи дека единствен излез за земјата е да добиена на време и да балансира.
Небојша Шариќ од Универзитетот „Унион“ нагласи дека „ништо не е изгубено“, потенцирајќи дека „земјата треба да започне со конфедерација со силно влијание на европската заедница“.
При најавата за иницирање на внатрешниот дијалог, Вучиќ наведе дека планира да објави отчет за преговорите со Косово, што се одвиваа во текот на последните четири години, со посредништво на Европската унија.
Нормализирањето на односите со Косово, кое прогласи независност од Србија во 2008 година, е еден од главните услови во преговорите за членство на Белград во ЕУ.