И вие мислевте дека на работниците што работат подолго од работното време дополнителната работа треба да им биде дополнително платена?

Да го земеме примерот со ланецот супермаркети „Лидл“ во Барселона. Неодамна отпуштија работник кој секој ден на своето работно место доаѓал во 5 часот наутро, пред да почне работното време. Како што велат неговите шефови, отказ добил бидејќи го прекршил законот за работа, во кој пишува дека работниците не смеат да работат прекувремено ако не им е платено. Хехе, а вие кутрите мислевте дека законот е за работодавачите, а?

Пред судот претставникот на „Лидл“ изјавил дека на вработениот никогаш не му било речено да доаѓа порано на работа, и дека со таквото однесување ги прекршил правилата на компанијата.

Неговиот адвокат има друга верзија: „Санкциониран е поради тоа што премногу работел, и поради своите напори во насока работата на маркетот да биде успешна, што е страшно необично“. Вели дека неговиот клиент бил приморан да работи прекувремено, бидејќи бил под притисок да исполни зададени квоти и задачи.

Судот, во моментов на пишување, сé уште нема донесено конечна одлука.

Во меѓувреме, ги повикуваме македонските маркети да го направат истото – да ги отпуштат сите вработени што работат прекувремено. Може после ќе немаме од кај да купиме од пиле млеко, ама може луѓево ќе си најдат подобра работа, па ќе им направиме услуга.

Извор:365.мк



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2017 03:38