Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска се сретнал со претставници од авиокомпанијата „Аркиа“ од Израел. На средбата се разговарало за воспоставување на нова линија на релација Скопје -Тел Авив.
Министерот Сугарески ги презентирал можностите и условите што државата ги нуди за авиокомпании заинтересирани да оперираат од домашните аеродроми.
– Тие ги презентираа плановите за ширење на нивната мрежа и во Македонија со воспоставување нова линија. Доколку во наредниот период постигнеме договор, овие планови ќе ги реализираме. Да се надеваме дека тие позитивно ќе одлучат и ќе се воспостави директен лет од Скопје до Тел Авив – изјави Сугарески.
На средбата се разговарало и за придобивките што ќе ги имаат двете земји во однос на зголемување на туризмот, економските односи и на културните врски доколку се воспостави оваа авиолинија.