Два до три милиони долари изнесуваат инвестициите во Македонија кои досега се реализирани преку СЕАФ фондот за инвестирање во земјава преку САД и Канада воспоставена со платформата Македонија 2025, изјави Џон Битов помладиот коосновач и член на Одборот на директори на Македонија 2025.
Битов, кој е учесник на Самитот на Македонија 2025, што се одржува од денеска во Скопје, рече дека тој лично има инвестирано преку оваа платформа во некои локални бизниси. Нагласи, дека со оглед на политичката ситуација во Македонија и некои други прашања, некои од инвестициите не се најдобри, но се надева оти ќе се подобрат. Тој најави и нова програма за поддршка на бизнисите во Македонија, која ќе ја финансира неговото семејство, што официјално ќе биде презентирана утре на затворањерто на самитот.
– Ќе носиме директори од САД и Канада кои ќе работат со луѓе од Македонија, со претприемачи за да им помогнат со нивните бизнис планови, да понудат менторство и да им помогнат да пораснат нивните фирми, а сето тоа да донесе напредок во Македонија, рече Битов кој е и единствен акционер во Обелиск.
Помошта за македонската економија, додаде, се одвива и преку соработка со раководства на фирми кои ја разгледуваат можноста да инвестираат во Македонија убедувајќи ги дека е добро место за инвестирање, а работат и со фирми во Македонија кои сакаат да извезуваат надвор во потрага по нови пазари. Покрај ова се реализира и образовна програма каде се работи со млади луѓе и менаџери со цел да обезбедат вештини кои што не можат да ги стекнат овде во земјава.
Рубен Вардањан, инвеститор и социјален претприемач од Русија, по потекло Ерменец, гледа слични предизвици кај Македонија и Ерменија како две мали континентални земји со голема дијаспора, но за тоа да доведе до развој вели, потребна е координација и соработка.
Посочи дека Ерменија има три милиони популација, а седуммилионска дијспора од која годишно во земјата се влеваат две милијарди долари. Македонија, пак, има два милиони популација и милион лица во дијаспората. Зад засилениот економски развој на земјата, нагласи дека стои ангажираноста на дијаспората, образовниот систем, како и програма која заеднички ја водат Владата и приватниот сектор ѕа испраќање млади кадри во странство зстекнување со нови вештини.
– Сепак главен предиѕвик е борбата која се води да се задржат младите талентирани луѓе да останат во ѕемјата. Своја улога игра и транспарентноста и да нема корупција, но најважно е да се создаде еден екоосистем каде младите ќе можат да си ги остварат своите соношта и да бидат двигатели на промените. Тоа важи и ѕа Балканот. Се движиме од индустриско опшствество кон општетсво на иновации, па затоа ќе биде важно да ги задржиме младите, нагласи Вардањан.
Дана Гавиш Фридман од одделот за претприемништво при Универзитетот Бен Гурион од Израел, нагласи дека израелскиот модел на развој се базира на соработката меѓу академската средина, Владата и приватниот сектор во создавањето иновативни производи. Израел годишно вложува во иновации 400 милиони долари. Клучниот збор денес е, вели, претприемништовото и развојот на старт ап и бизнис акцелератори.
– Ако некогаш најпосакувана професија беа правник или доктор, денес тоа е претприемач. На тоа е насочено и образованието во Израел, и бројните старт апи, а со едукација на претприемачи се почнува од помлада возраст… Важен е претприемачкиот дух и подготвеноста да се прифати предизвикот, вели Фридман.