Германската канцеларка Ангела Меркел седма година по ред е прогласена за највлијателна жена според калсификацијата на списанието „Форбс“, што беше објавена денеска.
На второ место е британската премиерка Тереза Меј. Минатата година второто место го освои поранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон.
На трето место е Мелинда Гејтс, сопругата на основачот на компанијата „Мајкрософт“ Бил Гејтс.
Во листата на највлијателни десет жени во светот за оваа година се наведени: Шерил Сандборг, извршната директорка на Фејсбук, шефицата на компанијата „Џенерал моторс“ Мери Бара, Сузан Војчички - извршната директорка на Јутјуб, Абигејл Џонсон - шефицата на инвестициската компанија „Фиделити инвестмент“, Кристин Лагард, шефицата на Меѓународниот валутен фонд, Ана Патрисија Ботин - шефицата на холдингот „Сантандер груп“, и Џини Ромети - шефицата на Ај-Би-Ем.