Министерството за финансии денеска организира јавна дебата за Предлог-буџетот за 2018 година на која ќе присуствуваат претставници од стопанските комори, синдикатите и невладиниот сектор.
- Во насока на транспарентен и развоен буџет кој ќе го подобри животниот стандард на граѓаните и ќе ја подигне економијата на повисоко ниво, мислењето на стручната и општата јавност ни е многу важно, наведува Министерството за финансии во најавата за дебатата.
Министерот за финансии Драган Тевдовски завчера изјави дека првпат во Македонија ќе се претстави подготвениот буџет пред да се достави на разгледување во Владата.
По отворената дискусија, Министерството за финансии ќе го достави предлог-буџетот до Владата која има законска обврска да го испрати во Собранието на Република Македонија до 15 ноември.