Во следните неколку месеци ќе биде потпишан меѓувладин меморандум за намалување на цените во роамингот за земјите од Западен Балкан, најави денеска бугарскиот министер за транспорт, информатички технологии и комуникации Ивајло Московски, пренесува денеска БТА.
Московски учествува на бизнис конференцијата „Логистички хоризонти 2025“ во Софија, каде пред новинарите зборуваше за заложбите и целите на Министерството за транспорт, информатички технологии и комуникации за време на претстојното Претседателство на Бугарија со Советот на ЕУ.
– Не може да имаме цени од шест-седум лева за минута со Македонија, со Босна и Херцегоивина или Србија. Тоа се страшни цени, изјави министерот Московски,
Посочи дека очекува операторите да потпишат договор до крајот на годината.