Снимател од една македонска телевизија и од телевизија од Косово вчера биле приведени во полиција поради неовластено снимање пред објектот на Судот.

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 14.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, поради неовластено снимање пред објектот на Судот, биле приведени М.И. (29) од Скопје – снимател од една македонска телевизија и Б.У. (35) од Косово – снимател на телевизија од Косово.

Во координација и по насоки на Јавен обвинител, по извршениот разговор – лицата се пуштени. Од страна на СВР-Скопје ќе биде доставено известување до Основното Јавно Обвинителство за досегашните превземени мерки.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2017 14:20