Премиерот Зоран Заев во интервју за црногорското радио „Антена М“ кажа дека имал информации од аналитичари дека е можна негова ликвидација.

Тој кажа дека е подготвен на се за остварување на евроатлантските цели на Македонија, бидејќи тоа е единствената опција.

– Некои аналитичари ми велат – сега си ти на ред. Ако нешто треба да се случи, нека се случи. Јас ја прифатив работата на премиер, на мојата земја и треба лидер и подготвен сум да носам одлуки какви што очекуваат нашите граѓани, по секоја цена, па нека биде што биде, изјави премиерот Зоран Заев, додавајќи оти е уверен дека Македонија ќе стане 30. членка на НАТО.

Извор: А1он.мк



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2017 03:53