Претседателката на српската Влада Ана Брнабиќ оцени дека едностраното прогласување независност на Косово не било во согласност со меѓународното право и стандарди.
Tаа вели дека дека по прогласувањето независност, во Приштина веќе нема Срби, а српските цркви и манастири се запалени.
Брнабиќ, на првиот пленарен собир на Конференцијаста за светската политика истакна дека едностраното прогласување независност на Косово не се случило за време на војна, туку се случило кога Обединетите нации гарантирале дека е дел од Србија, а Србија веќе осум години била на патот на демократските промени.
– Значи, не за време на владеењето на Слободан Милошевиќ, туку кога е убиен демоократски премиер. Поради тоа навистина не гледам никаква логика во тоа зошто едностраното прогласување независност било во согласност со меѓународното право и стандарди или зошто беше одобрено од страна на некои држави, изјави Брнабиќ во мароканскиот град Маракеш, каде се одржува оваа конференција.
– Потоа Србите се исфрлени и не само тоа, туку српски цркви се запалени, српски манастири се запалени. Дали Европа реагираше? Дали НАТО реагираше? Не. Србите веќе не се враќаат. Веќе нема Срби во Приштина, истакна синоќа српската премиерка на Конференцијата за светската политика која се одржува до 5 ноември, а на која присуствува и нејзиниот албански колега Еди Рама.