Гаспром“ ја заврши изградбата на морскиот дел од „Турски поток“ на територијата на Русија, откако првиот крак од гасоводот влезе во турската економска зона, соопшти компанијата „Јужен поток“, која се занимава со изградба на гасоводот.

„Пајониринг спирит“, најголемиот брод во светот за поставување цевки, го одбележа овој настан поставувајќи во морето цевки со руски и турски знамиња, кои го симболизираат преминувањето на границата на ексклузивната економска зона меѓу двете држави, се наведува во соопштението од фирмата.

„Гаспром“ веќе изгради 448 километри од „Турски поток“, а како што наведува „Јужен поток“, изградбата се одвива според планот и за помалку од половина година изграден е речиси четвртина од морскиот дел.

Изградбата на гасоводот „Турски поток“, „Гаспром“ ја почна во мај. Изградбата на првиот крак, со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри, за потребите на Турција, треба да биде завршена до март следната година.

Вториот крак, со ист капацитет, со кој гасот ќе оди преку јужна и југоисточна Европа треба да биде завршен во 2019 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2017 04:32