Српскиот министер без ресор задолжен за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ денеска изјави дека ниту една негова компанија не е регистрирани во „оф шор зоните“, кои се споменуваат во истражувањето за „Рајските документи“.
– Сите мои компании се регистрирани во Русија и Европа. И што е најважно, сите мои компании, како носител на државна функција, ги регистирав во Агенцијата за борба против корупција на Република Србија, нагласи Поповиќ.
Тој исто така посочи, дека во Агенцијата го има пријавено и целиот свој имот што го стекнал пред да стане министер во Владата на Србија.
– Реномираната консултанска куќа ПВЦ, што ме советува веќе 20 години, во 2012 година ми предложи да ги префрлам моите компании во „оф шор зона“, меѓутоа тој предлог никогаш не беше реализиран, објасни Поповиќ.
Тој нагласи, дека „доколку пости барем еден доказ дека тоа што го зборува не е точно, ги повикува учесниците во ова истражување веднаш да го изнесат.
Претходно беше јавено дека, меѓу „Рајските документи“ што вчера ги објави Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ) за финансиите на околу 120 политичари од повеќе држави, се наоѓа и името и српскиот министер Поповиќ.
Документите што излегоа од две агенции за оф шор услуги од Бермудските Острови и Сингапур, покажуваат дека Поповиќ поседува имот што вреди најмалку 75 милиони долари, а дека неговата пазарна вредност е повисока од 100 милиони долари, со што тој убедливо е најбогатиот српски политичар, открива белградската Мрежа за истражување на криминалот и корупцијата (КРИК).