Делата за корупција и уште речиси други 40 видови криминали од денеска ќе се истражуваат од Специјално обвинителство во Бугарија, и доколку биде подигнато обвинение, таквите дела ќе завршат во Специјален суд.

Во текот на летото беа донесени измени во Законот за кривична постапка, со одлуката тие да стапат во сила за три месеци.

Против измените во Законот за кривична постапка се изјаснија голем број бугарски адвокати и претставници на невладини организации.

Бугарскиот претседател Румен Радев беше под голем притисок да стави вето на измените на Законот, но тој не го стори тоа. Пред една седмица е најавено дека судии од Врховниот касационен суд ќе побараат од Уставниот суд измените да ги прогласи за неуставни.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2017 18:47