Стотина студенти на Универзитетот во Бања Лука влегле во заградата на ректоратот, барајќи да одржат состанок со раководството на универзитетот.

Студентите бараат од универзитетскиот Сенат да се донесат унифицирани правила за студирање во врска со предиспитните обврски и полагањето на испитот, кои ќе се применуваат на сите факултети.

Тие исто така бараат и разрешување на аферата со технолошкиот факултет, каде што референтот на студентската служба бил обвинет за сексуални уцени.

Во барањата на студентите е и обезбедување на автономија на студентските организации и претставнички тела и запирање на мобингот над студентските претставници.

Барањата се потпишани од сите претставници на студентските организации.

Студентите бараат и на најдобрите да им се понуди останување на Универзитетот, да се проверат за плагијат објавените трудови од сите професори и асистенти, рационализација на трошоците и практична настава.

– Го окупиравме ректоратот и не заминуваме додека не одржиме средба со ректорот, наведоа студентските претставници.

Доколку нивните барања не бидат исполнети тие најавија и блокирање на наставата на сите факултети.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2017 00:43