Хрватската полиција потврди дека Ивица Тодориќ се предал на полицијата во Лондон откако по него беше распишан европски налог за апсење. Попладнево тој пристигнал во судот во Вестминистер, каде што кажал дека се противи на екстрадиција и бил пуштен на слобода откако платил 100 илјади фунти кауција.

Според медиумите, следното рочиште во британскиот суд е закажано дури за 2018 година, а Тодориќ ќе се брани од слобода. Неговиот пасош бил одземен и наредено му е да носи сигурносна алка.

Со оглед на тоа што следното орчиште е закажно дури за следната година, значи дека судот ги уважил неговите аргументи.

По излегувањето од судот Тодориќ изјави дека ова е мала победа за него, но сепак голема.

– Се помина супер. Наскоро ќе дознаете се. Уште ќе ве изненадувам, рече Тодориќ.

Тој вели дека е жртва на политички прогон и рече дека во Хрватска има уште многу работи за средување.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2017 00:46