Собранието на Република Македонија денеска ќе ги одржи продолженијата на шестата и осмата седница.

На дневен ред на продолжението на шестата собраниска седница, меѓу другото, се Предлог законот за изменување на Законот за работните односи во прво читање и информација за состојбата со дивата депонија во Струга, поднесена од повеќе пратеници од опозицијата.

Пратениците на продолжението на осмата седница треба да ги разгледаат Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик во прво читање и предлог одлуката за именување на функцијата заменици на генералниот секретар на Собранието.

На дневен ред се и Предлог законот за докторска дејност, Предлог законот за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување, Предлог законот за изменување на Законот за aудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Предлог законот за изменување на Законот за јавното обвинителство, сите во прво читање.

Седници ќе одржат и собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата и Комисијата за култура.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2017 01:16