Собранието на Република Македонија во рамки на денешната пработа по дневниот ред на 6-тата седница едногласно со 64 гласа „за“ ја донесе одлуката за давање согласност на Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2017 година.

Едногласно и без расправа, Собранието ги донесе и одлуките за давање согласност на Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2017 година, и на Годишната програма за работа на Државната комисија по јавни набавки за 2017 година.

Пратениците ги усвои и Финасискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување и на Агенцијата за супервизија на капитално финасирано пензиско осигурување, за 2017 година, и даде согласност за Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2017 година.

На денешната седница без расправа Собранието го одобри Годишниот извештај за работа на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2015 година и Извештајот за работата на комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во 2016 година.

За сите усвоени точки пртресот заврши вчера, а поради немање кворум гласњето беше одложено за денеска.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2017 02:49