Во Лондон утре ќе стартува завршниот АТП Мастерс турнир со кој практично и завршува и овогодишната тениска сезона.
Денеска се одржа и ждрепката, по која фаворитите и носители на групите Рафаел Надал и Роџер Федерер ги дознаа своите противници во групната фаза.
Светскиот рекет број 1, Рафаел Надал, кој ќе ја предводи групата „Пит Сампрас“, за место во полуфиналето ќе се бори против Доминик Тим, Григор Димитров и Давид Гофан.
Роџер Федерер, пак, е осител на групата „Борис Бекер“, а таму за ривали ќе ги има Александер Зверев, Марин Чилиќ и Џек Сок.
Натпреварите започнуваат утре, а двајцата прво пласирани тенисери во своите групи ќе обезбедат место во полуфиналето. Завршниот финален меч ќе се игра на 19 ноември.