Ивица Дачиќ го повика на консултации амбасадорот на Србија во Украина Раде Булатовиќ во врска со актуелните прашања за односите помеѓу двете земји.
– Србија останува посветен на градењето на добри односи со Украина, на принципите на меѓусебно почитување и нема да дозволи да биде колатерална жртва на меѓународните односи кои што немаат врска со Србија, се вели во соопштението на српското МНР.
Како што е познато, се вели во соопштението, Србија од избувнувањето на кризата во Украина на повеќе наврати укажа да се почитува територијалниот интегритет на државата.
Односите помеѓу Србија и Украина се влошија по интервјуто на украинскиот претседател во Србија, Олександар Александрович, кој меѓу дрого, рече дека Русија ја користи Србија за да направи хаос и да предизвика нова војна на Балканот и дека Путин не се грижи за Србија.
Тоа предизвика бурни реакции на српското МНР, по што украинскиот амбасадор беше повикан во Киев на консултации.