Најголемата хрватска приватна компанија Агрокор потврди дека должи 41,23 милијарди куни (6,33 милијарди долари) на кредитори и добавувачи.
Тоа го покажаа и судските документи објавени денеска.
Компанијата, која во моментов е водена од администратор назначен од државата, негираше дека должи уште 16,54 милијарди куни. Тоа се совпаѓа со претходните пресметки објавени од вонредниот управник на концернот Агрокор, Анте Рамљак.
Агрокор објави вкупен капитал од 41,75 милијарди куни до крајот на 2016 година, 14,5 милијарди помалку од своите долгови.