Реално е следната година во тек на претседателстово на Бугарија со Советот на Европската унија да биде намалена цената на роаминг со Македонија и другите држави од Западен Балкан, оцени министерот за транспорт, информатички технологии и комуникации, Ивајло Московски.
Како што објасни, Бугарија има подготвено меморандуми со сите држави од Западен Балкан за намалување на цените на роаминг.
Тоа се меморандуми на државно, а не на европско ниво, а кои ќе дадат „зелено светло“ операторите да ги намалат цените за разговор, пораки и интернет во роаминг, пренесува БТА.