Владата на Андреј Пленковиќ ја доби довербата во хрватскиот Сабор со 78 гласа „За“ и 59 „Против“ на гласањето кое што се одржа по полноќ.
На седницата која што започна во девет часот и триесет минути, а траеше цели 14 часа се гласаше и за доверба на министерката за демографија Неда Мурганиќ, но опозицијата и за тој случај не успеа да собере мнозинство.
Иницијативата за гласање доверба на Владата беше започната од опозициската СДП поради случајот Агрокор.