Во Словенија денеска се одржува втор круг од претседателските избори, во кои учествтуваат актуелниот шеф на државата Борут Похор и градоначалникот на Камник, Марјан Шарец.

Според најновите анкети, Пахор е фаворит за освојување на втор мандат, но неговата предност над противкандидатот Шарец е помала отколку во првиот круг, што се одржа на 22 октомври.

Анкетата на љубљанскиот весник „Дело“, со која беа испитани повеќе од илјада гласачи, Пахор би можел да освои 56,3 отсто од гласовите, а Шарец 43,7.

Додека според анкетата, спроведена во последната недела од кампањата, на мариборскиот весник „Вечер“ и љубљанскиот „Дневник“, Пахор би можел да добие 53,2 проценти од гласовите, а Шарец 46,8 отсто.

Како што јави МИА, во првиот круг од претседателските избори учествуваа девет кандидати, а за Пахор гласаа 47,21 отсто, а за Шарец 24,76 граѓани.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2017 04:24