Стоматолизи и студенти од отстекот за стоматологија на Факултетот за Медицински науки во Штип денеска беа дел од шестиот научен симпозим на тема „Неправилности, грешки и пропусти и нивно санирање во текот на стоматолошките интервенции“.

Продеканот на Факултетот за медицински науки, Ивона Ковачевска вели дека денеска стоматолошката фела од страна на универзитетски професори и гости од Германија можеа да слушнат интересни предавања за полесно да се справат со проблемите, кои наидуваат при стоматолошките интервенции. Таа истакна дека стоматолошките интервенции се едни од најстресните, но воедно и доста скапи. Тоа е и една од причините што опремувањето на една стоматолошка ординација бара вложување и тоа на многу средства.

- Младите стоматолози повеќето од нив или дел од нив се задржуваат исклучиво на приватна стоматолошка пракса. Но, мора да признаеме дека сите тие услуги, иако се малку вреднувани, многу значат за здравјето на пациентите вели Ковачевска.

Таа забележа дека Македонците повеќе пари трошат за шминка, фризура и да се дотераат, отколку да си ги поправат расипаните заби, но тоа се должи на недоволната едукација за превенција, пред се на повозрасната популација.

Стоматолозите засега егзистираат од печалбарите кои доаѓаат во текот на летните месеци и од граѓаните од соседните земји, кои доаѓаат на интервенции во македонските ординации. Ковачевска смета дека трудот на стоматолизите во земјава не е правилно вреднуван, студираат пет години, мора да имаат пракса од една, а на секоја седма година мора да ја обноват лиценцата и постојано да присуствуваат на вакви научни симпозиуми.

Цените на стоматолошките услуги во земјава се уште се на многу ниско ниво во споредба со оние во земјите во ЕУ. Во последните неколку години забележан е и трендот на заминување на младите во странство.

- Од овде завиден број студенти се веќе заминати во Германија и таму работат. Дипломата на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип е призната во странство, вели Ковачевска.

Стоматолизите апелираат граѓаните да имаат редовни стоматолошки контроли, бидејќи сите заболувања во устата и забите се пренесуваат и на целиот организам, не ретко здравствените проблеми на залистоците на срцето или бубрезите се резултат на расипани заби. Најчесто заболување на забите е кариесот не само во Македонија, туку и во светски рамки.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2017 06:12