Снимена е првата сезона од играната серија „Македонија“ која ги промовира темелните човекови вредности и објавен е промотивен спот, соопшти денеска Друштвото за филмска и видео продукција Јадран филм.

„Објавувањето на спотот е првиот чекор што го правиме во презентација на играната серија „Македонија“ пред јавноста и во транспарентен процес ќе ги надминеме сите предизвици со кои се соочивме и се соочуваме за време на подготовките и снимањето на првата сезона од серијата. Серијата нема никаква политичка заднина, првата сезона е снимена и ќе се емитува наскоро“, стои во соопштението.

Од Јадран фим посочуваат дека нивна единствена цел е презентација на Македонија како љубовна приказна која ќе го воодушеви и засака светот.

„Серијата на која се работеше речиси две години веќе е продадена и ќе се емитува во девет земји“, се вели во соопштението од Јадран филм.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2017 07:50