Премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска ќе го отвори белградскиот Венчр форум, на кој ќе се претстават 30 иновативни компании од десетина држави.
Belgrade Venture Forum e најголем форум за инвестиции, иновации и претприемништво на Балканот.
Потенцијални инвеститори ќе ги разгледаат бизнис плановите на компаниите и ќе донесат одлука дали да инвестираат во предложените иновативни проекти.
Областите застапени на форумот се инвестициите, спортските, финансиските и земјоделските техонологии, како и електронската продажба.