Себастијан Фетел, возачот на Ферари, победи во трката на Формула 1 за Големата награда на Бразил.

Фетел ја оствари 47-мата победа во кариерата, петта во сезоната, а прва по трката во Унгарија во август. Тој трката на патеката „Интерлагос“ ја заврши за еден час, 31 минута, 26 секунди и 260 стотинки. Тоа е трета победа на Фетел во Бразил.

Второто место го зазеде Валтери Ботас, возачот на Мерцедес, а трет беше Кими Раиконен од Ферари.

Четвртото место го зазеде светскиот шампион Луис Хамилтон од Мерцедес, кој трката ја почна од боксот.

Бодови освоија уште: Макс Ферстапен и Даниел Рикијардо од Ред Бул, Фелипе Маса од Вилијамс, Фернандо Алонсо од Мекларен, Серхио Перез од Форс Индија и Нико Хилкенберг од екипата на Хас.

Последната трка во шампионатот се вози на 26-ти ноември, за Големата награда на Абу Даби.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2017 19:14