Полицискиот синдикат реагираше што во Предлог-буџетот за 2018 година не се предвидени средства за усогласување на платите на вработените во МВР со платите на сродните институции и најави лобирање кај политичките партии за преку амандмани да се обезбедат средстата.

– Ги повикуваме политичките чинители во Собранието на Република Македонија да не останат неми на нашиот повик за институционално решавање на овој проблем и преку поднесување амандмани да се обезбедат средства за договореното усогласување со цел синдикалните активности да не се прелат надвор од институциите на државата, изјави претседателот на Македонскиот полициски синдикат Ацо Антовски.

Тој кажа дека побарале средба со претсавници од владата за да се најде решение за проблемот, но таква средба се уште немало.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2017 00:48