Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов му го честита реизборот на Борут Пахор на функцијата претседател на Република Словенија, посакувајќи му искрени желби за натамошна успешна работа, лична среќа и добро здравје.

– Сакам и во оваа пригода да искажам задоволство од развојот на односите и соработката меѓу нашите две држави. Истовремено ценам дека постои потенцијал за уште поплодна соработка, кој со заемен ангажман може да се искористи. Убеден сум дека Република Словенија знае да ги цени напорите и постигнувањата на Република Македонија во процесот на нејзиното интегрирање во НАТО и во Европската унија, и верувам дека поддршката од Вашата земја за соодветна валоризација на тие постигнувања и натаму ќе продолжи, вели Иванов во честитката.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2017 00:57