Специјалното јавно обвинителство денеска во судницата во Кривичниот суд и ги предаде на одбраната доказите за случајот „Труст“, по што судијката Лидија Трајковска Зимбовска не дозволи повторно одложување на судското рочиште.

Одбраната, претходно се пожали дека не им се дадени сите докази на увид, поради што и беше одложено рочиштето на 7 ноември.

На судењето е присутен и Сеад Кочан, првообвинет во случајот „Труст“. Обвинети се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Предметот, како што објави СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста од 3.8.2011 и 6.10.2011 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2017 11:36