Во скопскиот Кривичен суд денеска треба да се одржи првото рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство познат како „Триста“ во кој е обвинет поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за залоупотреба на службена должност во врска со јавна набавка на 300 возила.

Тој се сомничи дека го оштетил буџетот за 453.570 евра. Според СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди.

Во предметот „Триста“ според одлуката на Апелацискиот суд прислушуваните разговори меже да се користат како доказен материјал.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2017 12:28