Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на средбата со претставниците на Грција Адамантиос Василакис и на Македонија Васко Наумовски закажана на 20 и 21 ноември во Њујорк ќе излезе со конкретен предлог за решавање на спорот, јавуваат грчките медиуми.

Атина очекува по победата на премиерот Зоран Заев на локалните избори и стабилизацијата на неговата Влада, од Македонија да продолжи со активностите на „добра волја“ со кои ќе покаже дека го напушта иредентизмот, како што се промената на името на Аеродромот во Скопје и отстранување на спомениците поставени во времето на Никола Груевски, објавуваат Радио Атина 9.84, Реал.гр и Иефимерида.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2017 12:32