Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска присуствуваше на јубилејната десетгодишна манифестација Национална награда за најдобри општестсвено одговорни практики.

Премиерот Заев имаше свое обраќање пред присутните, во кое истакна:

„Имам посебно задоволство да ја отворам десеттата, јубилејна манифестација – Национална награда за најдобри општествено-одговорни практики на претпријатијата во Република Македонија за 2017 година, и да упатам честитки до претставниците на претпријатијата за сите проекти со кои тие аплицираа.

Упатувам честитки и благодарност до сите вклучени институции и поединци за организирањето на оваа манифестација, како и за нивните останати активности за поттикнувањето и за успешното спроведување на политиките за општествена одговорност во земјата.

Дозволете ми овде пред вас да изнесам една своја, лична перспектива за концептот на општествена одговорност и за корпоративно одговорните компании:

Зошто постојат и за што работат компаниите? За профит или за некоја друга цел? За газдите, акционерите, или за општеството и граѓаните?

Некој ќе рече одговорот е едноставен: Заради остварување профит.

Но, ако отидете чекор понатаму во размислувањето, бргу ќе дојдете до заклучокот дека ако некоја компанија сака да прави профит, мора да се грижи и за општеството, за заедницата во која го остварува бизнисот“, рече Заев.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2017 00:44