Медијаторот за спорот за името Метју Нимиц е тој што треба да го закаже конечниот датум на средбата помеѓу претставници на Македонија и Грција во Њујорк, изјави премиерот Зоран Заев.

– Јас споделив информација при посета во странство. Транспарентни сме, го кажав тоа што го имав. Состанокот го закажува Метју Нимиц. Уште вечерта истиот ден ми стигна информација дека е одложен, веројатно од некој од претставниците кои учествуваат во тимот. Средбата е замислена со цел медијаторот Нимиц, кој е нејзијн организатор, да се види со преговарачките тимови, не е на политичко ниво на министри, премиери, претседатели на држави и слично. Затоа ќе очекуваме тој да ги потврди конечните датуми, рече Заев.

Првично средбата требаше да се одржи на 20 или 21 ноември, но таа е одложена и најверојатно ќе се одржи во текот на декември.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2017 01:51