Посветеноста на Владата за подобрување на општата клима и состојбите во сферата на медиумските слободи, за ослободување на медиумите од политички и институционални влијанија и притисоци, финансиска независност, како и за професионализација на јавниот радио - дифузен сервис, како и чекорите во насока на зголемување на транспарентноста и достапноста на информации од јавен карактер, се прашањата за кои министерот за надворешни работи Ниkola Димитров на денешната средба го информирал претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите (ПСМ) - Арлем Дезир.

- Министерот ги образложи најновите и претстојните преземања согласно Акцискиот план 3-6-9, но и надвор од него, за подобрување на општата клима и состојбите во сферата на медиумските слободи. Посебен акцент во тој контекст стави на мерките за ослободување на медиумите од политички и институционални влијанија и притисоци, за обезбедување финансиска независност, како и за професионализација на јавниот радио - дифузен сервис. Воедно ги истакна и чекорите во насока на зголемување на транспарентноста и достапноста на информации од јавен карактер, промоција на духот на јавни, инклузивни и аргументирани дебати, како генерално така и при носење на новата законска регулатива, се вели во соопштението од МНР.

Дезир, кој престојува во прва посета на Република Македонија во овој капацитет, изразил задоволство од текот на посетата, како и заложбите и досегашните чекори преземени во земјата во насока на подобрување на состојбите во медиумската сфера, охрабрувајќи да се продолжи во таа насока.

- Тој поконкретно го запозна министерот со своите видувања околу планираните законски измени во областа на аудио и аудио - визуелни медиумски услуги, издвојувајќи го генерално позитивниот став и изнесувајќи оконкретни совети, се поочува во соопштението.

На средбата Димитров - Дезир биле разменети мислења и во однос на преземања од значење за безбедност на новинари, расчистување на минати случаи поврзани со нападот врз новинари, говорот на омраза, како и феноменот на лажни вести.

Соговорниците заемно констатирале дека одговорноста за сите општествени чинители е голема во потребата да вложат напори за надминување на предизвиците и да овозможат средина за нормално медиумско функционирање, што е од исклучителна важност за демократското општество.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2017 01:55