Многу куќи, патишта и автомобили се поплавени во поројните дождови што деновиве го зафатија јужниот дел на Грција.

Стариот пат од Атина до Коринт кај Неа Перамос утрово е претворен во река, и на него се заглавени повеќе автомобили.

Грчката државна агенција АНА-МПА јави дека ситуацијата е слична и на новиот пат. Во тек е операција за извлекување на автомобилите и патниците кои се заглавени во водата.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2017 14:55