Странските служби ги зајакнаа дејствувањата насочени кон Србија и властите имаат информации дека тие активности ќе бидат уште поинтензивни. На дело се обиди да се влијае врз интересите на Србија и да се намали нејзиното влијание, посебно во земјите од регионот и каде што живеат Срби.
Ова во интервју за „Новости“ го изјави српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ врз основа на најнови безбедносни информации.
Тој тврди дека претседателот Александар Вучиќ и Владата водат политика на самостојна и независна Србија, „а кога е така – тогаш државата им пречи на многумина“.
– Ниту една голема сила не сака да бидете вон нејзиното влијание, дури и земјите во опкружувањето сакаат да имаат влијание врз процесите во Србија, врз нашата економија, безбедноста. Тоа е нивна легитимна желба. Наше е, од друга страна, во тоа да ги спречиме и тоа го правиме, изјави Стефановиќ, но не откри агенти на кои земји ги зајакнале активностите во Србија и околу неа.