Собрани се потребните пари за итната операција на малата Валерија Зафировска од Штип, соопшти денеска нејзината мајка Марина Зафировска.

Валерија има тумор на мозокот кој прогесивно расте, а операцијата треба да се изврши во Истанбул, Турција, од еден од десетте најпознати неврохирурзи во Европа.

Операцијата чини околу 40.000 евра.

– Средставата се собрани и затоа сакам јавно да упатам благодарност од моја страна, од страна на мојот сопруг и семејството. Голема благодарност до сите граѓани што излегоа да помогнат. Благодарам што сите бевте со нас во овој тежок момент, кога ни беше најтешко и кога требаше да се соберат средствата, изјави Зафировска.

Таа истакна дека преку донации се собрани средства за операцијата и за натамошно лекување, за терапијата по операцијата. Сите пари, пак, кои се собираат од вчера до недела ќе бидат еднакво донирани на Хана, Стефан и Борче на кои им е потребно лекување во странство.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2017 19:13