Претседателот на бугарскиот Парламент, Димитар Главчев денеска поднесе оставка. Со таквиот потег Главчев сака да даде пример за враќање на парламентаризмот.
Бугарската Социјалистичка партија и Движењето за права и слободи вчера побараа Главчев да ја напушти функцијата, поднесувајќи 88 потписи за негово разрешување.
Тие најавија дека нема да учествуваат во работата на парламентот се додека Главчев не замине од функцијата.