Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска ја откажа закажаната прес-конференција со косовскиот премиер Рамуш Харадинај, која требаше да се одржи по состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација во Брисел, јавија белградските медиуми.

Портпаролката на Могерини, Маја Кочијанчич, како причина за откажувањето на прес-конференцијата ја наведе пренатрупаната „агенда“ на високата европска претставничка.

Меѓутоа, според извори на Радио Слободна Европа, кои биле на состанокот, атмосферата од самиот почеток била тензична и кулминирала во моментот кога Харадинај наводно инсистирал на поголем ангажман на САД во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

– Могерини ова го доживеа лично и нервозно ја напушти средбата и не се врати, изјавил неименувниот извор за РСЕ.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2017 11:35