Дилемата која ја имаше Србија изминативе недели дали и кога ќе има вонредни парламентарни избори, паралелно со редовните избори за Собранието на град Белград денеска е решена. Претседателот на Србија и лидер на СНС Александар Вучиќ, на денешната седница на Главниот одбор на партијата, одлучија да се одржат само редовните избори за градот Белград.
Вучиќ на седницата на раководството на партијата го изнесе личниот став дека негов предлог е да се одржат само редовни градски избори, што партијата го усвои.
– Мој предлог за вас е да и соопштиме на јавноста да имаме само редовни градски избори, а на парламентарните избори ќе одиме кога ќе им дојде редот. И доколку загубиме на белградските избори тоа нема да биде страшно. Не е проблем да паднеме, проблем е кога нема да станете после падот, изјави лидерот на СНС Александар Вучиќ.