Екипата на Мачестер Јунајтед во последниот вчерашен натпревар од 12. коло од Премиер лигата го совлада Њукасл со 4:1, откако ривалот поведе со 1:0.
За „црвените ѓаволи“ и за менаџерот Жозе Мурињо е поволно и тоа што покрај победата по повредите на теренот се вратија двајца врвни играчи Пол Погба и Златан Ибрахимовиќ.
На дуелот на „Олд Трафорд“, Њукасл поведе со голот на Двајт Гејл во 14. минута, а потоа следуваа головите за Манчестер Јунајтед. Изедначи Ентони марсијал во 37. минута, а водство од 2:1 донесе Крис Смолинг. Третиот гол го постигна Погба во 54. минута, а конечните 4:1 ги постави Ромелу Лукаку во 70.минута.
Манчестер Јунајтед остана на второто место со 26 бодови или осум помалку од лидерот Манчестер Сити. На третата позиција е Челзи со 25, Тотенхем остана со 23, Ливерпул, Арсенал и Барнли имаат по 22.
Њукасл со 14 бодови остана на 11. место на табелата од Премиер лигата.