Од Србија не би требало да се бара да избира меѓу Западот и Русија, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ во интервју за „Фајненшал тајмс“, додавајќи дека врските на договорот со Москва не се пречка за кандидатурата на Белград за членство во Европската Унија.

Според „Фајненшал тајмс“, изборот на експертот за реформи Брнабиќ за премиер на Србија испратил сигнал дека Белград го поставил влезот во ЕУ како најважна цел.

Но, патот на Србија кон ЕУ останува нејасен поради различните нивоа на напредок кога станува збор за реформите, уморот од проширувањето од еврпскиот блок и скептицизмот поврзан со политичките, воените и економските врски на Белград со Русија, коментира весникот.

Во воведот за интервјуто се истакнува дека европските претставници кои посетуваат се повеќе внимание на влијанието на Русија на Балканот, ја обвинуваат Москва дека поттикнува нереди во регионот.

Тие со страв гледаат на балансирањата на Белград меѓу Истокот и Западот, пишува весникот, додавајќи дека САД исто така, сакаат Србија да се изјасни во врска со стратешката насока кон која оди. Висок американски дипломат овој месец ја предупредил Србија дека не може во исто време да седи на две столици, потсетува „Фајненшал тајмс“.

Брнариќ во интервјуто велу дека интеграцијата во ЕУ останува главна надворешна политичка цел на Белград.

- Не е чесно да се бара од Србија да избира и да донесува одлука и јас сметам дека тоа не е неопходно. Ние не сме ниту проамерикански, ниту проруски ориентирани, туку сме просрпски ориентирани. Нашиот стратешки фокус е врз членството во ЕУ и каде да отидеме со кого и да разговараме ние го кажуваме тоа, изјави Брнабиќ.

Во врска со одбранбената политика, таа истакна дека нејзината земја е неутрална.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2017 12:08