Бугарскиот тенисер Григор Димитров е победник на завршниот Мастерс турнир во Лондон и на тој начин го постигна најголемиот успех во неговата кариера.

Во финалето Димитров го совлада Давид Гофин од Белгија со 2:1, по сетови 7:5, 4:6 и 6:3.

Ова беше втора победа во само три дена на Бугаринот над Гофан.

Димитров ја заокружи годината со прв трофеј оа Мастерс серијата и најдобар пласман на АТП ранг листата – трето место



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2017 12:10