Во два одделни случаја на кејот на реката Вардар биле нападнати и повредени две лица во тепачка со поголема група, а едно било повредено со нож од страна на две лица.

Тепачката се случила вчера околу 20:45 часот кога В.Ј.М.(19) и А.Г.(18) биле физички нападнати од поголема група лица облечени во дуксери со качулки.

Повредените се здобиле со телесни повреди поради што со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Градската општа болница „Наум Охридски“ каде по укажаната лекарска помош, се пуштени на домашно лекување.

Во вториот случај нападнат е 22-годишниот Д.М. од Трубарево кој се здобил со убодна рана на левата страна од градниот кош. Тој на улицата „Кеј 13-ти Ноември“ бил физички нападнат од две непознати лица од кои едното употребило нож. Од страна на лекар во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ констатирани му се телесни повреди и тој е пуштен на домашно лекување. Случајот во полиција е пријавен од страна на Градската општа болница вчера околу 16:30 часот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2017 12:26