Претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, денеска изрази надеж дека казната доживотен затвор за Ратко Младиќ, ќе биде делумна сатисфакција за семејствата на загинатите, убиени, измачувани и исчезнати, и изрази жалење што Младиќ не одговараше и злосторствата извршени во Хрватска.
– Знам дека ништо не може да ги врати изгубените животи, на илјадниците луѓе брутално убиени во Сребреница и на други места во Босна и Херцеговина, но исто така и во Хрватска. Жал ми е што не одговараше и за злосторства извршени во Хрватска, рече хрватската претседателка во изјавата за новинарите по свечената академија по повод 390 години од основањето на Првата хрватска Гимназија во Риека.