Претседателот на УЕФА Александар Чеферин се спротивстави на употребата на видео асистентот на арбитерот (VAR) на натпреварите од Светското првенство 2018.

Според него, системот се уште не е подготвен за употреба на Мундијалот во Русија, и покрај тестирањето на голем број турнири и првенства.

– Прерано е да се воведе ВАР технологијата на Светското првенство. Разбирам дека овој систем ќе се воведе порано или подоцна, но останувам малку конзервативен во ова прашање. Судијата мора да остане судија, а не да биде робот, изјави првиот човек на Европската фудбалска федерација.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2017 16:08