Џенк Тосун, голгетерот на Бешикташ, со настапите во Лигата на шампионите го привлече вниманието на Јувентус, кој ќе понуди 15 милиони евра за трансфер, пишува турскиот весник „Милиет“.
Клубот од Истанбул бара најмалку 20 милиони евра за да го пушти во Торино неговиот 26-годишен фудбалер, кој е стрелец на четири гола во Лигата на шампионите и најзаслужен што Бешикташ по пет одиграни кола, од првото место во групата Г ќе игра во осминафиналето.
Целата работа би можело да се заврши во зимскиот преоден ток, посебно што Тосун нема да зазема место на странец бидејќи е роден во Германија и поседува тамошен пасош.
Покрај Јувентус, за Тосун е заинтересиран и англискиот премиерлигаш Њукасл.